| четврток, 6 декември 2018 |

Грозоморно: Французин убил бездомник, па му ја пиел крвта

valemont_blood drinking

Дваесетгодишен Французин е уапсен во местото Коломб поради сомневање дека убил бездомник и ја испил неговата крв.

Осомничениот го задавил несреќниот бездомник, а потоа се „гостел“ со неговата крв. На крајот, безмилосниот убиец отишол на забава во стан, а станарите повикале полиција. Кога пристигнале полицајците забележале голема количина крв на момчето кое исто така имало и повреда на раката. Тој подоцна признал дека тукушто убил човек и дека ја пиел неговата крв. Телото на жртвата било најдено на паркинг во зградата. Причините за грозоморното убиство не се јасни.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top