| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема кредибилитет да зборува за економија, граѓаните паметат

vmro-dpmne-sdsm

Секогаш кога СДСМ е на власт, во Македонија бројот на невработените лица драстично се зголемува. Македонската јавност памети дека само пред неколку дена претседателот на СДСМ Зоран Заев, јавно ја пофали приватизацијата и транзицијата во Македонија, како добра и корисна за граѓаните. Токму во таа приватизација која Зоран Заев ја фали, а неговиот шеф Бранко Црвенковски ја спроведе, без работа останаа околу 200.000 работници. Поради тоа, СДСМ нема кредибилитет да зборува за невработеноста во Македонија, бидејќи во време кога таа беше на власт, стапката на невработеност изнесуваше огромни 38,5% – реагира ВМРО-ДПМНЕ на пресот на СДСМ на која беше нагласено дека е потребна  Македонија мора да ја воведе таканаречената Младинска гаранциска шема, по урнек на државите-членки на ЕУ

Тие додаваат дека било очигледно дека СДСМ во овој период научила како да ветува, но граѓаните сѐ уште многу добро паметеле како СДСМ работеле во минатото.

-Денес, СДСМ го водат и раководат истите луѓе што ја спроведуваа транзицијата и приватизацијата и што му беа помошници на Бранко Црвенковски. За разлика од периодот кога СДСМ беше на власт и кога стапката на невработеност изнесуваше рекордни 38,5%, сега таа е драстично намалена и изнесува 28,7%. Овој тренд на континуирано намалување на бројот на невработени лица, е резултат на големиот број на спроведени мерки. Со активните политики на Владата на Република Македонија за вработување се отворени 30.524 работни места. Во изминатиов период, само во новоотворените фабрики во слободните зони, се отворија околу 5000 илјади нови работни места, додека во иднина се планираат да се отворат уште дополнителни 5000 илјади нови работни места. За потсетување, кога СДСМ беше на власт, во Република Македонија фабриките се затвараа, сега кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, во Македонија се отвараат голем број на нови фабрики. Како други мерки и политики за вработување и намалување на невработеноста, спаѓаат и мерките за самовработување со кои се отворија 5.798 нови работни места, со субвенционирање на Агенцијата за вработување 4.807 работни места, исто така со мерката Обука за познат работодавач 6.591 работни места,  со Практикантство 759 вработувања, со Едукација за лични бизниси 1.914 работни места, но и уште многу други мерки кои придонесуваат за намалување на невработеноста во државата – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top