Во експлозијата што се случи на железничката станица во Волгоград, во јужниот дел на Русија, загинати се најмалку 13 лица, а 50 се ранети, соопшти „Би-Би-Си“. Властите во Русија како главен виновник го посочуваат терористичкиот напад од страна на жена-самоубиец.
Предмалку беше објавено и првото видео од екплозијата.
Руските власти за нападот што се случи обвинуваат жена бомбаш-самоубиец, но засега никој не ја презема одговорноста за нападот. Во октомври годинава во Волгоград се случи терористички напад од жена-самоубиец која активираше експлозивна направа во автобус, тогаш починаа 6 луѓе.
Москва стравува дека нападите можат да се засилат пред почетокот на Олимписките игри, кои почнуваат за шест недели, пишува „Би-Би-Си“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)