| четврток, 6 декември 2018 |

Руни: Потребен ни е одмор

Иако Манчестер јунајтед игра одлично во збиениот распоред во Премиер лигата, најдобриот фудбалер на тимот, Вејн Руни, тврди дека нему и на неговите колеги им е потребен одмор.

– За нормално заздравување по натпревар потребни се најмалку три дена, а со вакво темпо е невозможно. Сите играме на границите на можностите. Секако нас ни е потребен краток зимски одмор бидејќи тоа ќе ни користи. Меѓутоа, ние сме професионалци и мораме да ја работиме нашата работа со задоволство – изјави Руни.

Со оглед на тоа дека тој и фудбалерите од неговиот квалитет заработуваат од 100 до 200 илјади фунти неделно, Руни би требало да биде последниот што ќе се жали.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top