Македонската дива вчера го прослави 47. роденден. Калиопи доби илјадници пораки и честитки, но една навистина се истакна. Познато е дека македонската пејачка има обожаватели низ целиот свет, но оваа Србинка е една од најверните.
Со стиховите од песната „Локомотива“ од последниот албум на Калиопи, нејзината обожавателка Зока ѝ го честиташе роденденот со графит.
Неодамна, Калиопи како дел од балканската турнеја одржа голем концерт во белградскиот „Сава центар“, но мораше да прекине со својата музичка обиколка на земјите од поранешна Југославија поради проблеми со бубрезите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.