| четврток, 6 декември 2018 |

Баку – еден од најубаво украсените градови за Нова година (фотогалерија)

baku

Сите улици во главниот град на Азаербејџан, Баку, како и излозите по проданиците, јавните и приватните фирми се украсени и осветлени на два дена пред дочекот на Новата 2014 година.

Најпрометните улици во Баку се осветлени со светилки во боја, а во украсувањето воопшто не заостануваат и излозите во продавниците. Во големите паркови и во трговските центри се поставени големи новогодишни елки, а пред секоја од нив стојат Дедо Мраз, Снешко и Снешка, кои ги забавуваат децата.

Жителите на Баку се одушевени од разните мотиви, украси и светилки, а децата посебно му се радуваат на Дедо Мраз.

Се планира големо изненадување за сите оние што ќе решат да ја дочекаат Новата година на градскиот плоштад.

Владата донесе одлука по повод Нова година и 31 декември, Светскиот ден на солидарноста со Азаербејџанците, да не се работи до 6 јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top