Во Манчестер се слават две победи вечерва од по еден гол разлика, а и Сити и Јунајтед ги освоија бодовите со по еден погодок во противничките мрежи.
Џеко на асистенција на Навас со гол во 66. минута му донесе победа на Сити против Кристал Палас на домашен терен, што значи и скок на врвот на табелата во Премиерлигата. Со 41 бод Манчестер сити е лидер, пред Арсенал, кој има два бода помалку, но и меч за одигрување во рамките на 19. коло.
Manchester City 1-0 Crystal Palace (Goal Edin… by videosondailymotion
Нешто порано во 57. минута Дени Велбек беше прецизен против Норич на гостински терен, што значеше и победа за Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ моментно се шестопласирани со 34 бода.
Екстра расположени за игра и голови беа фудбалерите на Хал, кои погодија дури 6 пати за победа против Фулам од 6-0. Ист број погодоци имаше во Лондон на мечот Вест Хем – ВБА, но рамномерно распределени во двете мрежи по 3. Реми одиграа и Астон Вила со Свонси, 1-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


