| четврток, 6 декември 2018 |

Со фалсификувани евра ја платила музиката на свадба

На свадба во Агино Село газдарицата платила музика со лажни евра, објави порталот „Куманово њуз“.

Во јули годинава В.М.(50)  ги набавила лажните банкноти од 200 евра, и по завршување на свадба во кумановски ресторан, ги искористила парите да им плати на музикантите. При тоа ги дала парите на И.М.(41), член на музичка група од Скопје затоа што ги забавувал гостите.  Музичарот кога видел дека еврата се фалсификувани, го пријавил случајот во полиција.

Кумановската полиција против В.М. поднесе кривична пријава за “фалсификување пари“, а против И.М. за “недозволена наплата и исплата на ефективни странски пари“ од Законот за девизно работење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top