| четврток, 6 декември 2018 |

Компаниите лани имале вкупен промет од 940,561 милијарди денари

статистика графиконСпоред податоците на Државниот завод за статистика, деловните субјекти лани оствариле вкупен промет од 940,561 милијарди денари и создале додадена вредност од 196,172 милијарди денари. Во рамките на структурните деловни статистики биле анализирани 53.907 деловни субјекти во кои биле вработени 334.042 лица.

Најголем број на претпијатијата 44,6 отсто припаѓаат на секторот Трговија на големо и на мало. Во нив работат 28 отсто од вкупниот број на вработени и реализирани се 41,4 проценти од вкупниот промет.

Како втор по значење е секторот Преработувачка индустрија, кој учествува со 13,3 отсто од претпријатијата, 30,4 проценти од вработените и 26,8 отсто од вкупниот промет.

Во вкупната додадена вредност, пресметана според трошоците за факторите на производството, во 2012 година, најголемо учество имале претпријатијата од секторот Преработувачка индустрија со 25,7 отсто и секторот Трговија на големо и на мало 23,3 проценти.

Во 2012 најголем дел од деловните субјекти, 91,1 отсто биле микро претпријатија со помалку од 10 вработени во кои биле ангажирани 33,6 отсто од вкупно вработените и создале 25 проценти од вкупната додадена вредност.

Големите претпријатија, пак, кои се 0,2 отсто од вкупниот број на компании, ангажирале 23,3 отсто од вкупно вработените и оствариле 34,3 проценти од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top