| четврток, 6 декември 2018 |

Најава за раст на индустриското производство за раст на БДП

Stavrevski intervju (1) dolgaРаст на индустриското производство до крајот на годината и уште поинтензивен раст следната година, најави Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој оцени дека растот на индустриското производство ќе помогне да се оствари вкупниот раст на БДП што го проектиран на околу 3 до 3,5 проценти.

– Сите мерки и политики, вклучувајќи го и одржувањето на ниски даноци и обезбедувањето евтини кредити, како и излегувањето на европската економија од рецесија, помагаат македонската индустрија постепено да фати залет и да се врати во позитивната зона. Во индустријата има добар тренд во текот на целата година, посебно во втората половина и имаме заживување на индустриското производство и зголемен број на нарачки- истакна Ставрески, на пуштањето во употреба на реконструираниот граничен премин Блаце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top