Глумицата Џенифер Лоренс, како и нејзините колеги, за малку ќе се задушеле од големата количина чад која била пуштена на сетот на снимањето.
Според пишувањето на медиумите, на снимањето на продолжението на филмот „Игри на гладта“ дошло до инцидент кој можел да заврши фатално за многумина.
Машината што прави магла откажала и почнала да испушта голема количина чад.
– Беше ужасно. Машината што прави чад се расипа и во еден момент почна да испушта неверојатна количина чад. Џенифер Лоренс буквално се загуби, а целата екипа на сетот почна да паничи и снимањето беше запрено – стои во соопштението.
Глумицата и колегите кои во тој момент се нашле во тунелот не можеле да го пронајдат излезот, но, за среќа, екипата за спасување брзо реагирала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.