Ванчо Димовски
роден: 04.04.1979
тежина: 110
висина: 187
клуб: РК Металург
позиција: пикер
Димовски е долгогодишен репрезентативец на Македонија. Тој игра ракомет од 14- годишна возраст. Неговиот прв клуб му е Вардар ПРО, а досега има играно и за Пелистер, Голд клуб и Металург. Во Металург дошол во 2006 година и моментално е капитен на екипата.
Димовски во разговорот за „Република“ изјави дека повредата на Наумче Мојсовски доста го ослабнала тимот и дека мора да се навикнат на тоа бидејќи, како што вели, 15 години се заедно во репрезентацијата и 6 години секој ден се гледаат очи в очи во Металург.
– Очекувањата да ги оставиме времето да покаже, посакуваме да бидеме на ниво како од претходното Европско првенство, знаеме дека сме доста ослабени по повредата на Наумче, но ќе се обидеме да се претставиме во што подобро светло – изјави Димовски.
Целиот разговор погледнете го на следниот линк на Република ТВ.
Слушнете ги предвидувањата и очекувањата на Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Дејан Манасков и Гоце Георгиевски.
Разговараше: Владо Оцевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)