2013 година ќе биде запаметена по развојот на комуникацискиот сектор, оцени Иво Ивановски. Министерот за информатичко општество и администрација потсети дека се исклучи аналогниот ТВ сигнал и се вклучи дигиталниот- значаен момент за развојот на медиумите, за комуникацискиот сектор и за информатичкото општество.
– До денес, покриеноста на дигиталниот сигнал е скоро 93 проценти- рече Ивановски и додаде оти е важна и т.н. дигитална дивиденда.
Годинава се намали големопродажната цена на СМС пораката, од два на половина денар.
– Во споредба со ЕУ, нашата цена е за 72 отсто поевтина. Се намали и говорот по минутажа на големопродажните цени од 3,4 денари на 1,2 денари по минута. Со тоаграѓаните ќе имаат подобри услуги и заштеда или за истиот пакет што го имале ќе може да говорат повеќе, рече Ивановски.
Користењето на интернетот во деловниот сектор, според последните податоци на Државниот завод за статистика, достигна до 91,5 отсто на широкопојасен интернет. Интернетот во првиот квартал од годинава кај домаќинствата изнесувал 65,1 отсто или пораст од 6,8 отсто. Според ДЗС, 66,8 отсто од домаќинствата поседуваат компјутер.
Ивановски истакна дека годинава понудиле повеќе обуки за граѓаните за да се постигне напредок, ИКТ писменост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


