| четврток, 6 декември 2018 |

7 илјади петарди запленети во охридски Лескоец

petardiРечиси седум илјади парчиња различни пиротехнички средства се најдени во полициската акција спроведена вчера во охридското село Лескоец. Петарди – „пиратки“, „Магнум“ и Силвер крекер“ како и пиротехничките средства- петарди во форма на бомби, биле откриени при проверка на магацински простор од кафетеријата „Фул“, сопственост на  Љ.Џ.(45), наменети за натамошна нелегална и неовластена продажба.
Против Љ.Џ. охридската полиција поднесе соодветни кривични пријави за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
СВР – Охрид во пресрет на престојните новогодишни празници врши засилени контроли на физички и правни лица со цел пронаоѓање пиротехнички производи. Пред два дена, во две одвоени акции на пазарот во Струга беа запленети вкупно 4.212 различни пиротехнички средства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top