Популарниот „Боксинг деј“ во Англија, или ден на кој премиерлигашите играат за навивачите, почна со очекувана победа на Манчестер јунајтед против Хал од 3-2 на гостински терен.
Вистински шок доживеа најтрофејниот англиски клуб на самиот почеток, а по само 13 минути игра фаворитот имаше негатива од 0-2. Честер и Мејлер со по еден гол предизвикаа вистинска еуфорија на „KC“ стадионот во Хал. Но, Манчестер брзо се врати од шокот и со головите на Смолинг и на Руни израмни на 2-2, резултат на кој се замина на пауза по 45 минути игра. Клучен момент на мечот беше автоголот на Честер во 66. минута за победа на Јунајтед од 3-2.
Hull City – Manchester United 2:3 All Goals… by Honex_Futball
Традицијата продолжи, а фаворитот го доби и петтиот дуел против Хал во исто толку меѓусебни натпревари.
Од 16 часот се играат уште 8 дуели од празничното 18. коло, додека дербито меѓу Манчестер сити и Ливерпул е закажано за 18.30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


