| четврток, 6 декември 2018 |

Каргов: Приходите од царините и од акцизите поголеми од лани

Царинската управа очекува годинава приходите од царини да бидат поголеми за седум проценти, а зголемување за најмалку пет проценти ќе има и кај акцизите.

– Според податоците што ги имаме до вчера, очекуваме дека приходите од царините ќе бидат околу седум проценти поголеми од минатата година, а, исто така, и акцизите со надоместоците кои ги наплатуваме ќе бидат најмалку за пет проценти поголеми во однос на лани. Тоа е она што го имаме како информација досега, но имаме уште пет дена до крајот на годината – изјави денеска директорот на Царинската управа, Ванчо Каргов, одговарајќи на новинарски прашања.

Инаку, Царинската управа денеска се стекна со сертификат за управување со квалитет ИСО 9001. Процесот на спроведување почна во јуни 2012 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top