Царинската управа на Република Македонија годинава има наплатено за 9,68 проценти повеќе приходи во однос на лани. Прибраните приходи од почетокот на годината до денеска, како што информира Царината, изнесуваат 5.255 милиони денари што се за 4,98 проценти повеќе во однос на планираните приходи за 2016 година.
Оттаму потенцираат дека приходите се зголемени во услови на намалени контроли и олеснето движење.
-Со унапредување на системот за селективни контроли, односно со нивно правилно насочување, во претходниот период царинските контроли беа намалени, а зелениот канал (слободно преминување на стоките) беше удвоен од 35 проценти на 75 проценти. Намалениот интензитет на вршење на царинска контрола овозможи забрзување на царинската постапка за економските оператори кои ги почитуваат царинските и други прописи поврзани со увозот и извозот на стоки и зголемување на ефикасноста и ефективноста во царинското работење при вршење на контроли, без притоа да се намали ефективноста, ефикасноста и резултатите при вршењето на контролите- наведуваат од Царинската управа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.