| четврток, 6 декември 2018 |

Тенисот во 2013 година – најатрактивниот, најлошиот и најагресивниот потег сезонава (видео)

nole

Специјализираниот портал „Тенис Х“ направи листа со посебни категории за минатата година на која се рангирани најдобрите тенисери, најатрактивните потези, но и најголемите испади.

За најдобри тенисери на годината се избрани Рафаел Надал и Серена Вилијамс. Роџер Федерер е најголемо разочарување, а за најголем излив на бес сезонава е избран настапот на Виктор Троицки во Рим:

Надал ја доби титулата играч на годината поради рекордната осма титула на Ролан Гарос и освојувањето на ОП на САД, а победи на 10 од 14 финалиња на турнирите.

Серена Вилијамс оствари две гранслем-титули и имаше серија од 34 последователни победи  и 11 титули. Стана најстарата тенисерка на водечката позиција на листата на ВТА.

За натпревар на годината е избран полуфиналниот маратон на Ролан Гарос меѓу Ѓоковиќ и Надал. И покрај тоа што Ноле успеа да го симне Надал од тронот во Монте Карло, не успеа да го порази во Париз во еден од најспектакуларните мечеви во историјата на овој спорт.

Најубавиот поен сезонава го доби Агњешка Радванска со атрактивниот и неочекуван потег против Кирстен Флипкенс во Мајами.

Најлошиот потег, пак, според одлуката на порталот, го имаше Гаел Монфис, кој не сакаше да искористи идеална можност за поентирање против Томи Хас. Сепак, мора да се признае дека потегот, иако го чинеше поен, беше доста интересен и успешно ја размрда заспаната публика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top