| четврток, 6 декември 2018 |

Празнична победа за Чикаго, Биковите го декласира Бруклин со 95-78

Чикаго булс забележа празнична божикна победа против Бруклин нетс, вечерва во НБА лигата, а домаќините славеа убедливо со 95-78. Иако играат без првата ѕвезда во тимот, Дерик Роуз, кој е повреден и без Луол Денг, биковите немаа проблеми против дрим-тимот на Бруклин.

Таџ Гибсон со 20 поени беше предводник на Чикаго за единаесетта победа сезонава, а солиден меч одиграа и Џими Батлер со 15 поени и Карлос Бузер со 14 коша.

Рускиот тајкун Михаил Прохоров вложи доста пари во реновирањето на составот на Бруклин, но ѕвездите на Нетс играат слабо. И вечерва потфрлија Кевин Гарнет, Пол Пирс и Џејсон Тери со комбиниран учинок од прескромни 13 поени. Дерон Вилијамс беше најефикасен кај поразениот тим со 18 поени, а зад него е босанскиот репрезентативец Мирза Телетовиќ со 17 поени. Бруклин има двојно помалку победи (9) од порази (19) и е претпоследен во Атлантик дивизијата на источната конференција во НБА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top