| четврток, 6 декември 2018 |

Не одат на избори а ги попречуваат кандидатите на ВМРО- ДПМНЕ

Актуелниот градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ, не дозволи кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ да се промовира според барањето

foto
Имено, Петрески не дозволи презентација на Програмата на Никола Бакрачески да се одвива во салата каде тој планирал.

За ВМРО-ДПМНЕ Охрид, ова претставува недемократски чин на Локалната самоуправа предводена од СДСМ и израз на тотално непочитување кон сопствените сограѓани.

-Тоа е израз на страв и паника на Александар Петрески од се појасната, поширока и побројна поддршка на охриѓани кон кандидатот на ВМРО ДПМНЕ д-р Бакрачески, што воедно е сигурен знак за сигурен пораз на Петрески на овие избори и конечно спас од 8 годишното негово уништување на Охрид, стои во партиското соопштение.

Дали револтот што неговата матична партија СДСМ најави бојкот на изборите, го натера Петрески на ваков нелогичен чекор, останува отворено прашање.Можеби ова е начин Петрески да се обиде да избегне граѓаните на Охрид да ја слушнат програмата на ВМРО-ДПМНЕ за градот, која според најавите повторно ќе го направи Охрид посакувана туристичка дестинација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top