Српскиот кошаркарски тренер Александар Џикиќ, кој го води тимот на Крка од Словенија, ќе биде новиот селектор на македонскиот национален состав, како што јавува порталот мкд.мк.
Џикиќ и Kошаркарската федерација на Македонија се во завршни преговори за испразнетото место во репрезентацијата. Неговата промоција се очекува да биде до крајот на годинаvа или во првите денови од 2014 година.
Тој е успешен тренер веќе неколку години во словенечкиот шампионат, а моментално работи како прв човек на клупата на шампионот Крка. Џикиќ има и успешна епизода и во најсилната лига во светот, НБА, каде што бил помошник-тренер во екипите на Минесота, Сан Антонио и на Сиетл.
Почетокот на тренерската кариера му е како помошник на Душко Вујошевиќ во Партизан во 2005 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



