Холандскиот фудбалски репрезентативец и член на турскиот клуб Галатасарај, Весли Снајдер, се поврзува со заминување во Манчестер јунајтед. Желбата на тренерот на „црвените ѓаволи“ да го доведе во своите редови одличниот играч за врска се актуaлизира по почнувањето на зимскиот преоден рок.
Сепак, фудбалерот даде изјава за медиумите дека е среќен во Истанбул и нема намера да премине во друг клуб.
– Нема никакви понуди. Секој преоден рок се зборува за мене. Едвај чекам да заврши преодниот рок за да престанат да зборуваат за мене. Среќен сум во Галатасарај и немаm причина за да си одам – изјави Снајдер за турските медиуми.
Снајдер дојде во Турција во јануари 2013 година откако помина неколку прекрасни години во Интер со кого ја освои и Лигата на шампионите. Тој има договор со турскиот гигант до 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



