Британците ја почитуваат традицијата, а токму божикните и новогодишните празници се погоден термин за потсетување на дел од историјата. Време е за легендарниот „Боксинг деј“, ден за врвни спортски натпревари на британскиот остров, што ќе го одбележи вонредното коло во Премиер лигата на Англија.
Историјата вели дека Англичаните за да ги продолжат божикните празници, буквално, измислиле уште еден ден за празнично дружење во семејството, а сѐ потоа е легенда. Спортот, особено фудбалот, е религија во Британија, па традиционално повеќе од половина век на 26 декември се играат натпревари од сите лиги. Најатрактивна е Премиер лигата, со тоа што на „Боксинг деј“ Манчестер јунајтед, Сити, Арсенал, Тотенхем, Челси и останатите прволигаши играат за публиката. Како фудбалски подарок за навивачите, за уживање, за полни стадиони, за многу голови и атрактивни потези.
И утре традицијата ќе продолжи со нова рунда натпревари, а навивачите ќе уживаат на 10 различни стадиони со дуелите од 18. коло во англиското првенство. Дербито е во Манчестер, каде што Сити ќе му биде домаќин на Ливерпул. Ќе се игра и во пониските англиски лиги, а еве го распоредот на натпреварите од Премиер лигата за „Боксинг деј“.
Двојки: (13, 45 часот) Хул – Манчестер јунајтед
(16,00) Астон Вила – Кристал Палас, Кардиф – Саутемптон,Челси – Свонси, Евертон – Сандерленд, Њукасл – Стоук, Норич – Фулам, Тотенхем – ВБА, Вест Хем – Арсенал
(18,30) Манчестер сити – Ливерпул
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


