| четврток, 6 декември 2018 |

Чарли Шин има порнофилм

Не дека не чуди фактот дека холивудкиот глумец Чарли Шин има негово „домашно видео“, тој веќе со години е во друштво на порноактерки, па така ова на некој начин би бил логичен чекор во неговиот живот.

Оваа информација излезе на виделина за време на едно судење на еден маж кој провалил во куќата на поранешната жена на Николас Кејџ, од каде што украл компјутер на кој се наоѓале голем број приватни видеа.

Како што пишува во судските документи, меѓу сите видеа биле и порнофилмот на Николас Кејџ, како и домашното видео на Чарли Шин. Зошто баш видеото на Чарли било кај Кристин Фултон не е објавено, но единственото што може да се претпостави е дека таа му била партнерката на видеото.

Целиот доказен материјал, сепак, ќе остане запечатен, па фановите нема да можат да го видат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top