| четврток, 6 декември 2018 |

Јанакиевски: Реконстуриравме рекордни 302 локални патишта

mile janakieski

Сумата на сите инфраструктурни проекти во Струмица и струмичко изнесува 651 милион денари – потенцираше министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски. Тој  во Струмца нагласи дека во 2013 година завршени се локалниот пат од село Добреијци до индустриска зона во вредност од  5, 7 милиони денари. Локалниот пат од Струмица до село Попчево инвестиција од 37, 5 милиони денари.

-Го завршивме магистралниот пат од Радовиш до Струмица инвестиција која вредеше 525 милиони денари.  Аслфалтиран е регионалниот пат од Радовиш до Струмица, помеѓу селата Дукатино и Радичево, ивестиција од 17 милиони денари. Реконструиран е регионалниот пат Ангелци- Велуса- Водоча- Баница инвестиција од 35,5 милиони денари. Рехабилитиран е и регионалниот пат од  Раборци до Попчево инвестиција од 4 милиони денари – додаде тој.

На  ниво на Македонија досега се реконструирани 302 локални патишта, а додека само во 2013 година се реконструирани 99 локални патишта и 6 регионални патни правци.

Јанакиевски зборуваше и за гасификацијата, нагласувајќи дека имало понуда од руска компанија која е по препорака на Руската Федерација, за која  Владата веќе изготвила договорот и во месец јануари се очекува законот да биде донесен и во македонското Собрание. Постапката потоа се префла во Руската Федерација од каде Јанакиевски очекува во првата половина од наредната година да започне изградбата на гасоводната мрежа во Македонија.

-Првата делница е од Клечовце до Штип, потоа треба да продолжи до Кавадарци и Неготино каде што ќе се поврзе со ТЕЦ Неготино, втората делница е од Неготино- Прилеп па до Битола во должина од 91,7 километри, трета делница е Штип- Радовиш- Хамзали и линк со Република Бугарија, четврта делница е Хамзали -Струмица- Богданци –Грција како уште еден алтернатвен можен извор за гас во Република Македонија и петта делница е Скопје- Тетово- Гостивар со можност за поврзување со Кичево во должина од 110 километри. Финасиската конструкција на проектот е 250 милиони евра, а парите ќе се обезбедат од проектот со ЕБРД – рече тој.

Јанакиевски пред граѓаните на Струмица истакна и дека 40 станови во Струмица се дададени на користење на граѓаните со ниски примања, станува кој ќе можат да ги откупат кога нивните примање ќе бидат зголемени. Тој додаде дека е склучен договор за изградба на пруга кон Бугарија која ќе започне почетокот на наредната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top