| четврток, 6 декември 2018 |

Досега 35 успешни трансплантации на бубрег од жив донатор

Human organ transplant

Досега во Македонија се извршени 35 успешни трансплантации на бубрези од жив донатор на Клиниката за урологија во Скопје, беше соопштено на денешната прес- конференција од директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова, која им го честиташе успехот на директорот на Клиниката за урологија, примариус Михаил Пенев и на  тимот на лекари предводени од д-р Сашо Дохчев, д-р Скендер Саиди, д-р Сотир Ставридис и д-р Оливер Станков.
Д-р Михаел Пенев, директор на Клиниката за урологија, се заблагодари лично на директорката Парнарџиева-Змејкова за поддршката на Фондот и укажа дека за следната година се предвидени дополнителни 45 милиони денари условен буџет за трансплантации, односно средства за да може да се извршат 40 трансплантации на бубрег од жив донатор и 20 од кадавер.

Според Парнарџиева-Змејкова, би било добро сите да  почнеме да размислуваме да станеме дарители на крв, на органи, на коскена срцевина и упати апел до сите пациенти кои се на дијализа, а сакаат да направат трансплантација, да направат испитувања на Клиниката за нефрологија во Одделот за трансплантација. Со тоа потенцијалните донори на органи може да бидат ставени на листа на чекање, која, всушност, веќе и не е листа на чекање, туку трансплантациите се извршуваат на месечно ниво. Беше посочено дека за кадаверичната трансплантација постои посебна листа со потенцијални приматели за која е извршена комплетна типизација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top