Жозе Мурињо постојано се жали на неефикасноста и слабата реализација на напаѓачите во Челси, а, од друга страна, има на располагање цела серија играчи што даваат голови, а се позајмени од клубот во други екипи. Дека нешто не штима во нападот на составот од „Стемфорд бриџ“ покажа и вчерашниот натпревар против Арсенал што заврши без голови. Фернандо Торес беше отсечен и осамен во нападот и не успеа да ја затресе мрежата на Шчесни.
Интересно е што најдобар стрелец во досегашните 17 кола кај Челси е Белгиецот Азар со шест погодоци, по него е Оскар со пет гола, а зад нив е Лампард со четири погодоци. Но, проблем за Мурињо е што тие не се класични напаѓачи. Од трите шпица што ги имаат лондончани, Торес, Демба Ба и Ето, ниту еден не е во топ 30 најдобри стрелци во Премиер лигата.
Од друга страна, играч на Челси е Ромелу Лукаку, кој е позајмен во Евертон и игра одлично. Со осум гола тој е во топ 5 во англиското првенство, а статистичарите дојдоа до интересни податоци. Вкупно 74 гола од почетокот на новата сезона постигнале позајмените напаѓачи што Челси ги испратил во други клубови. Покрај Лукаку, со одлична ефикасност се истакнуваат и Пјазон и Какута, кои играат за холандскиот тим Витезе.
Еве дел од репертоарот на напаѓачите со кои Челси има договор, а моментно не настапуваат за тимот од Лондон, односно се испратени на позајмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


