Воз во Франција кој превезувал нуклеарен отпад излетал од шините, но властите тврдат дека немало истекување на материјалот и не постои зголемена радијација, ниту повредени. Ова се случило во близина на Париз.
Експерти извршиле тестирања по несреќата и утврдиле дека не се случило истекување на нучлеарниот отпад во предградието Дранси, соопшти претставник на националната пожарникарна служба.
Претседателот на локалната управа на Дранси, Жан-Кристоф Лагард изрази загриженост поради безбедноста, бидејќи низ ова предградие на Париз постојано минуваат возови со хемиски и нуклеарен отпад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.