Англискиот премиерлигаш Челси нуди 15 милиони евра за српскиот фудбалер Владимир Марковиќ.
Како што пренесуваат португалските и англиските медиуми, по иницијатива на Жозе Мурињо раководството на Челси е подготвено да ѝ плати на Бенфика 15 милиони евра за Марковиќ.
Деветнаесет годишниот фудбалер кој важи за еден од најталентираните во Европа, во јуни годинава од Партизан потпиша пет годишен договор со екипата на Бенфика за која досега има одиграно 11 натпревари на кои постигна 3 гола.
Пред трансферот во Португалија, Маринковиќ беше поврзуван токму со екипата на Челси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.