| четврток, 6 декември 2018 |

Бесплатно зимување за деца од социјално загорзените семејства

За децата, како што рече Спасов, обезбедени се шест дена зимување на Пелистер или пет полни пансиони. Децата ќе учат да скијаат и голем дел од времето ќе го поминат на организиран начин

zimuvanje

Околу илјада деца од семејства со социјален ризик ќе одат на бесплатен зимски одмор од 4. до 19. јануари, на трошок на државата, изјави Диме Спасов, министерот за труд и социјална политика.

За децата, како што рече Спасов, обезбедени се шест дена зимување на Пелистер или пет полни пансиони. Децата ќе учат да скијаат и голем дел од времето ќе го поминат на организиран начин.

Средствата и условите се обезбедени, аќе биде распишан јавен повик и заинтересираните семејства ќе можат да аплицираат.

– Проектот ќе почне од 4. јануари за 1.000 деца. Ако децата имаат одредена попреченост, тогаш имаат право со нив да биде и еден родител, рече Спасов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top