| четврток, 6 декември 2018 |

Двејн Вејд застана на лудиот камен

Еден од најдобрите НБА-играчи, Двејн Вејд, одлучи долгогодишната девојка Габриел Жунион да ја побара за жена.

Габриел, која е поранешна кошаркарка, а сега глумица, е постара од Двејн десет години, а нивната врска ја почнаа во 2009 година. Идната сопруга на Вејд во младоста доживеала голема траума, со тоа што била силувана кога имала 19 години. Габриел во 1992 година е нападната и силувана во продавница за облека во која работела.

Тргнувајќи од нејзиното искуство, Габриел активно се вклучила во организацијата која им помага на жените што поминале низ истото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top