Штипското јавно претпријатие „Штип проект“ направи промена на Деталниот урбанистички план за да се вклопи нова градежна парцела за изградба на индустриски капацитет, во кој ќе се произведуваат автобуски каросерии.
Директорот на ЈП „Штип проект“, Александар Шумански, прецизира дека новиот капацитет ќе биде во близина на индустриска зона „Север“ на магистралниот пат Штип -Струмица
– Се однесува на изработен Детален урбанистички план во нацрт-фаза со површина од околу 12 хектари, каде што ќе биде лоцирана фабриката за производство на автобуски каросерии за еден наш домашен инвеститор од Штип. Тој со изработка на урбинистичката документација во најбрз рок ќе може да ја изгради фабриката и да вработи околу 500 лица – изјави Шумански.
Одделението за урбанизам во Општина Штип за наредната година планира промена на деталните урбанистички планови на две локации, со што ќе се обезбедат и дополнителни градежни парцели за лесна и незагадувачка индустрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.