Андрес Иниеста попладнево потпиша нов договор со Барселона со важност до 2018 година и клаузула која предвидува продолжување на соработката секоја следна сезона, ако играчот има одреден број настапи.
– Среќен сум што останувам во мојот клуб и се надевам дека соработката ќе трае долго – изјави Иниеста. Тој е еден од најдобрите плејмејкери во светот на фудбалот, а игра во редовите на каталонскиот гигант од дете. Андрес ја мина познатата Академија „Ла Масија“, односно младинската школа на Барса, клуб за кој единствено има настапувано во кариерата.
Иниеста има 29 години, а имаше важечки договор до 30 јуни 2015 година, па сега само го продолжи престојот во Барса за уште три лета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)