
Се појави како дел од групата „Нокаут“ во 1997 година, заедно со Владимир Крстевски – Франц, Никола Перевски-Пере и Кирил Колемишевски. Беа вистинска тинејџерска атракција, постојано беа на врвот на топ-листите, избирани за група на годината… Оптимист, решителен и борец – тоа беше Ацо Конга. Неговите пријатели велат – добрите луѓе не тонат во заборавот, тој сигурно нема да потоне во заборав! Кој беше Ацо Конга знаат најдобро неговите пријатели. Јавноста го сакаше и почитуваше. Се крена на нозе кога разбра дека човекот беше основоположник на „Макакус“ и кој свиреше на перкусии во „Нокаут“ останал без рака, а ракот сѐ уште се шири по неговото тело. Пееше естрадата за него, донираше јавноста…
Ацо Конга замина. Но, останаа спомените, многубројните видеозаписи од настапите и спотовите со „Нокаут“. Ја нема „временската машина“ да го врати, „неговиот број повеќе нема да постои“, сите ние „би се викале те сакам“ само за да го вратиме, има „1000 причини за крај“, но ниту една причина за да се заборави името на Конга! Песните ќе останат „фатална опсесија“ зашто тој „нас ни припаѓаше“.
Почивај во мир, легендо!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


