| четврток, 6 декември 2018 |

Реал низ иглени уши на Местаља (видео)

di marija

Дербито на 17 коло во шпанската „примера дивизија“ се одигра на „Местаља“ каде домашниот тим Валенсија ја пречека екипата на Реал Мадрид. Во изнедначен натпревар тимот од Мадрид успеа да ги осови трите бода и победи со 3-2.
Со оваа победа Реал остана пет бода зад лидерите на табелата Барселона и Атлетико Мадрид.
Победата за Реал ја донесе младиот Хесе Родригез кој постигна гол во 82 минута. Претходно Реал двапати имаше водство од 1-0 и 2-1 со головите на Ди Мариа и Роналдо, но Валенсија успеваше да се врати со головите на Пјати и Матие. Сепак Валенсија по третото водство на „кралевите“ немаше сили за трет гол и за нов бод против фаворитот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top