Скопската магла и влијае на расположението, открива Марјана Станојковска за „Република“. Ја онерасположува и ја потсетува на песната „Магла“ од Јосипа Лисац.
– Се трудам што помалку време да поминувам на отворено, повеќе седам во затворени простории. Кога сум на отворено обавезно носам шал. Маглата ми влијае, не можам да кажам дека не и на расположението и секогаш кога ќе погледанм низ прозорецот малку ме онерасположува и ме потсетува на песната од Јосипа Лизац- Магла насекаде, магла околу нас.
А додека трае маглата, препорачува сите да носат шал, а и секако да се придржуваат до советите и дадените препораки за однесување. За читателите на „Република“сподели и една лична фотографија, снимена во магла со мобилен телефон.

Таа се надева дека оваа скопска прикаска со маглата наскоро ќе заврши.
-Не знам кога ќе се расчисти, но би сакала да е тоа што поскоро, бидејќи вака веќе не се издржува. ПОсакувам да имав повеќе слободно време овој период и барем една недела да заминев на планина, но заради обврските морам да бидам во магливиот град Скопје.- открива долгоногата убавица за „Република“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


