Педро е јунак за тимот на Барселона. Денеска докажа зошто е еден од најдобрите играчи во тимот од Каталонија.
По отсуството на првите играчи на Барса и неиграњето на Меси, Нејмар, Чави, Педро ја презема одговорноста и успеа речиси сам да го победи тимот на Гетафе.
Гетафе одлично го отвори натпреварот. Брзо поведе со 2-0 со головите на Ескудеро и Лопез. До 34 минута сите на стадионот во Мадрид славеа. Тогаш на сцена стапува Педро кој постигна три гола за неполни девет минути. Тоа е рекорд за Барселона на гостувањата еден играч да постигне три гола за толку кратко време.
Во вториот дел добрата игра на Педро продолжува. Со асистенција му овозможи на Фабрегас да постигне одличен гол од волеј удар. Вториот гол Фабрегас го постигна од пенал откако Педро беше соборен во казнениот простор.
Со оваа победа Барселона се израмнува на првото место со тимот на Атлетико Мадрид.
Заедно со овие два тима за титулата ќе се бори и тимот на Реал Мадрид кој својот натпревар го игра доцна вечерва против тимот на Валенсија на гостински терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)