Словенечките медиуми објавија дека хрватскиот концер Агрокор размислува да се откаже од купувањето на словенечкиот трговски ланец Меркатор, но Агрокор тврди дека и понатаму смета дека ќе се реализира договорот со мнозинските сопственици.
Агрокор потпиша купопродажен договор со сопственичкиот конзорциум до 12 продавачи и може да кажеме дека двете страни ги исполнуваат обврските од договорот, наведе компанијата.
Во овој момент Агрокор е позитивен во поглед на конечниот резултат од трансакцијата, велат од компанијата која е во сопственост на најбогатиот Хрват, Ивица Тодориќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.