| четврток, 6 декември 2018 |

Макрадули: Крамарска ако сакаш да се занимаваш со политика зачлени се во СДСМ

makraduli

Јани Макрадули, пратеникот на СДСМ и одговори на уредничката на Утрински Весник, Соња Крамарска, која во колумна наведе дека од Јани Макрадули добивала пораки со кои „Макрадули на најприземен начин се обидувал да и се заканува“.

Тој на својот фејсбук профил напиша статус кој се однесува на Крамарска, притоа искажувајќи „искрено жалење што и една Соња Крамарска станала соучесник во приземната кампања на ВМРО-ДПМНЕ“:

-Бидејќи секогаш говорам за и во име на вистината, по принципот на нужна одбрана принуден сум да ја објавам смс пораката што сум ја пуштил во последните 4 години, како реакција на еден нејзин текст во кој што она согласно професионалните стандарди не побарала коменатар од мене. Еве го смсол:

„ Извини што ти се обраќам, но не можам да премолчам што со твојот саботен коментар се ставаш во улога на пренесувач на партиски пораки. Искрено жалам што во некоја наредна дискусија во Собрание ќе треба да те ставам во ист контекст со некои други кои јавно ронат солзи за слободно и професионално новинарство, а во пракса одработуваат партиски агенди. Ако веќе имаш амбиции да се занимаваш со политика зачлени се во СДСМ и направи една десетина од тоа што јас сум направил за мојот СДСМ. Слободно можеш оваа порака да ја објавиш (во целост се надевам) како најдобар демант за твојот текст, како што сум сигурен дека експресно ќе ја препратиш на твоите нарачатели.”

Тој најави дека ќе следи поопширен опис за причините зошто Крамарска побегнала од надзорната расправа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top