| четврток, 6 декември 2018 |

Македонското дерби во Италија без победник

napoli

Во 17 коло од италијанската прва лига популарната „Сериа А“ се состанаа екипите на Калјари и Наполи. Натпреварот заврши без победник 1-1. Во овие два тима играат нашите репрезентативци Агим Ибраими за Каљари и Горан Пандев за Наполи.
Пандев настапи од првата минута за Наполи и играше се до 82 минута кога беше заменет. Пандев беше еден од најзебележителните играчи на Наполи врз кого беше направен стартот за пенал преку кој Игуаин израни на 1-1.
Калјари поведе со голот на Нене во деветтата минута. Ибраими влезе во игра во 85 минута.


Cagliari 1-1 SSC Napoli All Goals by all-goals

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top