| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев ја прифати поканата на Ѓуровски – закажана средба во Скопје

Macedonia vs SpainНајдобриот македонски фудбалер Горан Пандев одговорил на телефонскиот повик на новиот селектор Бошко Ѓуровски. Била договорена средба во Македонија во наредниот период, кога играчот на Наполи ќе пристигне на кус одмор, поради паузата во италијанскиот шампионат.

-Пандев одговори на мојот телефонски повик, се слушнавме и се договоривме да имаме средба во Македонија во наредниот период. Тој ќе дојде на одмор поради паузата во Калчото. Се уште сум на истиот став, дека Горан Пандев е идол на младите луѓе во нашата земја, тие го обожуваат и мислам дека треба да игра во националниот тим барем уште еден квалификациски циклус. Ќе разговараме, сакам да го слушнам и личниот став на Пандев, и всушност, сѐ ќе зависи од него – вели за Екипа, селекторот Бошко Ѓуровски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top