| четврток, 6 декември 2018 |

Курир: Советник на СДСМ добил 2,5 милиони денари

srumca-500

Уште еден висок париски функционер на СДСМ во Струмица преку својата невладина органзиација добивал пари од Општина Струмица. Имено Петар Божинов, актуелен советник во општина Струмица од СДСМ преку неговата невладина органзиација “Културно забавен Живот“ во 2012 година добил 2,5 милиони денари, пари на граѓаните од општина Струмица за организирање на фестивал – објави Курир.

Нема информации дали ова здружение воопшто поднело Извештај за организацијата и реализацијата на фестивалот, ниту дали има поднесено финансиски извештај за остварените приходи и расходи, како што било обврзано со член 3 од одлуката на Советот на општина Струмица.

Од општина Струмица и од СДСМ сѐ уште молчат за ваквите скандали на доделување на пари на фирми и здруженија блиски до СДСМ, за кои веќе во континуитет медиумите јавуваат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top