| четврток, 6 декември 2018 |

Трајко Вељановски: Мајчиниот јазик е обележје на идентитетот на еден народ,

Trajko-Veljanovski-top

Претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски по повод, 21 декември, Денот на наставата на турски јазик, упати честитка до сите припадници од турската заедница кои живеат во Република Македонија.

– Мајчиниот јазик е обележје на идентитетот на еден народ, преку своите јазични карактеристики и пишаниот збор, тој народ ги покажува своите цивилизациски достигнувања, вели во честитката Вељаноски.

Турската заедница и турскиот јазик, како што посочува, се составен дел од мозаикот на културното богатсво на Македонија, кое се негува долги години наназад и претставува афирмација на различните култури и традиции во Република Македонија.

– Денес сме горди бидејќи во Република Македонија се почитуваат културните разлики и убеден сум дека турската заедница, како и сите останати заедници дава придонес во толеранцијата и соживотот меѓу сите граѓани во државата. Нашата заедничка цел е благосостојба на сите граѓани и просперитетна иднина на Република Македонија, истакнува Вељаноски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top