| четврток, 6 декември 2018 |

Асистентот на пратеничката од СДСМ, Цветанка Иванова добивал пари од Општина Струмица

zdruz

Пари од Општина Струмица добивал и личниот асистент на пратениците од СДСМ – тврди Курир. Со програмата Г1 за поддршка на локалниот економски развој и В2 програмата за социјална заштита за 2012 година, на име трансфер до НВО биле исплатени средства како финансиска поддршка од Општина Струмица за реализација на проекти.

– Станува збор за здружението „Евро-Визија Струмица“, основано 2007 година, каде како овластено лице се наоѓа Ацо Манински, асистент на пратениците од СДСМ, Цветанка Иванова и Панче Орцев. Средства од општинската каса се префрлиле на сметката на здружението „Евро-Визија“ за проектот „Изложба на карневалски фотографии, карневалски слики – Струмица 2012“ – пишува Курир.

Претходно објавивме дека татко префрлил средства од Oпштината на здружение основано од неговиот син.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top