| четврток, 6 декември 2018 |

Жерновски прави паралелен дочек на Нова година, веднаш до централната прослава

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски денеска на прес-конференција ја најави манифестацијата „Град во градот“, која општината ја организира во деновите пред и за време на дочекот на Нова година.

На просторот кај хотелот „Јадран“, местото познато како Арапска куќа, на само стотина метри од плоштадот „Македонија“, од 28 до 31 декември ќе има музичка програма и штандови со топло вино.

Иако градот Скопје со поддршка на Македонски телеком и Т-мобиле Македонија го организираат традиционалниот дочек на Новата година, на плоштадот „Македонија“ со македонски изведувачи, во „Град во градот“ на Жерновски ќе настапуваат „Суперхикс“ и хрватскиот бенд „Прљаво казалиште“ во истото време, вечерта на 31 декмври.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top