Напаѓачот на Монако, Колумбиецот Радамел Фалкао, заздрави од повредата на бутниот мускул поради која паузираше три недели, соопшти тренерот на францускиот прволигаш Клаудио Раниери.
– Фалкао почна нормално да тренира. Тој заздрави од повредата, но не тренираше еден месец – рече Раниери пред натпреварот со Валенсиен, кој ќе се одигра вечерва.
Фалкао оваа сезона постигна девет гола на 14 натпревари, а се повреди на 24 ноември во победата на Нант со резултат 1-0.
Моментално Монако се наоѓа на второто место на табелата со 41 бод, два бода помалку од првопласираниот ПСЖ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


