| четврток, 6 декември 2018 |

Белата куќа укина уште еден дел од „Обамакер“

obamaker

Еден ден пред да замине на божикен одмор на Хаваи, претседателот на САД, Барак Обама, се откажа од уште една значајна одредба на неговата здравствена реформа „Обамакер“.

Белата куќа најави дека на граѓаните што ќе се соочат со големи финансиски проблеми ќе им дозволи да можат да купат поевтини пакети за здравствено осигурување. „Обамакер“ предвидува во иднина сите осигурителни пакети да мора да осигуруваат против голем број болести и состојби кои досега не мораше да бидат покриени, вклучително и во некои бизарни ситуации, како заштита за водење бременост кај машките или заштита од болести на простата за жените.

Овие повисоки стандарди доведоа до поскапување на осигурувањето за голем број Американци, додека околу шест милиони полиси беа целосно откажани од страна на осигурителните компании, што предизвика пад на популарноста на реформата и на претседателот Обама. Во меѓувреме, проблемите со веб-страницата на „Обамакер“ доведоа до тоа само неколку стотици илјади граѓани да се пријават за новите здравствени полиси.

Според новите правила, најавени синоќа, граѓаните кои останале без осигурување поради „Обамакер“ или кои ќе објаснат дека не можат да платат за новите поскапи полиси, ќе можат и во иднина да купуваат полиси кои ќе ги покриваат само најосновните здравствени проблеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top