Обамакер е мртов, порача американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека Американците заслужуваат подобро.
Трамп, на својот претседателски налог на Твитер, наведе дека пазарите на осигурителните компании пропаѓаат, а милиони луѓе немаат избор. Сето тоа придружено со линк до Белата куќа, каде што се наоѓа делот за укинување и замена на Обамакер – законот за здравствено осигурување, донесен од поранешниот претседател Барак Обама.
„Обамакер доведе до поголеми трошоци и помалку опции за здравственото осигурување за милиони Американци“, се наведува на сајтот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.