Шампионот на Шпанија Барселона на својата интернет страница потврди дека еден од клучните играчи на тимот Андрес Иниеста ќе го продолжи договорот до 2018 година. Дваесет и девет годишниот фудбалер претходно имаше договор со каталонскиот клуб до 2015 година, што значи продолжување на соработката за дополнителни три години.
– Иниеста во Барселона ќе остане до 2018 година, а и потоа ќе има можност да го продолжи договорот – истакна претседателот на клубот Сандро Росел.
Во Барселона Иниеста е од 12 години, а за првиот тим настапува од 2002 година и досега има одиграно 479 натпревари и постигнал 48 голови. Како дел од Барселона, Иниеста има освоено 21 трофеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


