| четврток, 6 декември 2018 |

Иниеста останува во Барселона до 2018

Шампионот на Шпанија Барселона на својата интернет страница потврди дека еден од клучните играчи на тимот Андрес Иниеста ќе го продолжи договорот до 2018 година. Дваесет и девет годишниот фудбалер претходно имаше договор со каталонскиот клуб до 2015 година, што значи продолжување на соработката за дополнителни три години.

– Иниеста во Барселона ќе остане до 2018 година, а и потоа ќе има можност да го продолжи договорот – истакна претседателот на клубот Сандро Росел.

Во Барселона Иниеста е од 12 години, а за првиот тим настапува од 2002 година и досега има одиграно 479 натпревари и постигнал 48 голови. Како дел од Барселона, Иниеста има освоено 21 трофеј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top